Три новини за ортопедски помагала на товар на ФЗОМ

Воведување електромоторна инвалидска количка – скутер за лица од 7 до 26 години и постари од 65 години со траен инвалидитет, олеснување на постапката за остварување на право на помагалото вештачка дојка, како и остварување право на батерии со 6 месечна заверка на потврдата за осигурениците со кохлеарен имплантм се новините кои започнуваат да важат од 01.01.2015 година. Новините ФЗОМ ги воведе како резултат на соработката со националниот сојуз на инвалидизирани лица – Мобилност,  како поквалитетно решение во корист на осигурениците. Проширување на право во делот на количките за инвалидизирани лица е прво по 2000та година. Македонија, веднаш по Словенија е единствена земја во регионот, која овозможува електромоторна количка-скутер.

Ново право на товар на ФЗОМ

Воведувањето на електромоторната инвалидска количка – скутер за лица од 7 до 26 години и постари од 65 години со траен инвалидитет (одземеност на од, но неодземеност на рацете),  има за цел да им се излезе пресрет на овие осигуреници за да им се олесни секојдневното функционирање и нивната интеграција во општеството. За остварување на ова право осигурените лица треба да обезбедат конзилијарно мислење од соодветната клиника, во зависност од болеста од која боледуваат, специјалистички извештај од специјалист офталмолог, оториноларинголог и психијатар, кои ќе потврдат дека осигуреникот може самостојно да управува со електромоторна инвалидска количка – скутер и да се вклучи безбедно во сообраќајот. Со ова ново право кое за прв пат се воведува, осигуреникот кој стекнува право на универзална количка на рачен погон, може да одбере електромоторна количка скутер како и собна инвалидска количка. Ова ново право се однесува на вкупно околу 1000 лица во период од 5 години. Во 2015,  200 лица ќе можат да го остварат ова право, односно на новите и на оние на кои им доаѓа периодот за замена на универзалната количка (еднаш на 5 години).  Фондот дополнително секоја година ќе одвојува 14 милиони денари.

Електро-моторните колички – скутери се движат на електрична енергија, со едно полнење можат да поминат од 40-45 км, имаат специјално прилагодени седишта за полесен влез и излез, се движат со брзина од 10-15км на час.

DSC05159

Административно олеснување за остварување на право:

  • Друга новина намената за осигуреничките кои имаат потреба од ортопедско помагало – вештачка дојка, потврдата ќе ја добиваат од избраниот лекар. Препораката/отупсното писмо од Болница за помагалото ќе биде потребна само при првото остварување на правото, а потоа секоја година само од матичниот лекар ќе ја добиваат оваа потврда за ортопедско помагало.
  • Трета новина се однесува на осигурениците со кохлеарен имплант кои ќе можат да остварат право на батерии, наместо досегашната месечна заверка на потврдата за потреба на ортопедско помагало, се воведува една потврда, за потреба од ортопедско помагало, со важност од 180 дена,  со назначен датум на потврдата, соодветно за секој месец.

Напомена : електормоторната инвалидска количка – скутер е сосема ново право кое се воведува, а осигурениците кои имаат одземеност на одот како и одземеност на едната или двете раце, а учат, студираат или се во работен однос, можат да остварат право на електро-моторона количка која се придвижува со џојстик или со помош на главата.