Три новогодишни одлуки кои треба да ги донесете

Три новогодишни одлуки кои треба да ги донесете
Три новогодишни одлуки кои треба да ги донесете

Сите имаат различни желби што сакаат да им се исполнат во новата година…

Без разлика какви се вашите желби, ние ви нудиме три малку поинакви новогодишни одлуки кои би требало секој да ги донесе:

1. Волонтирање еднаш неделно– повеќето од нас се во економска криза и во куќниот буџет нема многу пари за донирање. Затоа можеме да посветиме малку време во волонтирање и да помогнеме некому, со цел да се чувствуваме општествено корисни.

2. Пишување дневник – веројатно не постои жена, која не пишувала дневник во одреден период од својот живот. Време е да и се вратите на оваа навика од детството, која претставува издувен вентил и ви помага полесно да пребродите стрес.

3. Повеќе пешачење – сите се трудиме да живееме според распоред и многу малку вежбаме и се движиме. Доколку не вежбате, потрудете се да се движите и да пешачите во секоја можна прилика. Со физичките активности се подобрува духот на човекот.