Секс

Три отсто од жените се зависни од сексот

Три отсто од жените се зависни од сексот

Новата студија за влијанието на сексот на животот на жените открила дека три отсто од припадничките на понежниот пол се екстремно зависни од сексот. Германските истражувачи претпоставуваат дека тоа би можело да биде поврзано со зачестеноста на мастурбацијата и гледањето на порнографијата.

Истражувачите наведуваат дека тоа на жените може да им биде огромен проблем за нормално функционирање, па советуваат дека дамите кои страдаат од пореметување на хиперсексуалноста да побараат лекарска помош.

Истражувачите испитале 1000 Германци за тоа колку мастурбираат, колку гледаат порнографски филмови и колку сексуални партнери имале. Најголем дел од испитаниците биле студентки кои одговарале на 19 прашања поврзани со сексуалните навики.

„ Зачестената мастурбација, користењето на порнографијата и големиот број на сексуални партнери се поврзани со високиот степен на хиперсексуалност. Најголем дел од хиперсексуалните жени се бисексуалки, додека мажите со ист проблем се хетеросексуалци. Овој проблем се уште не е признат во медицината како официјално психијатриско пореметување.Моментно се бараат најдобри начини за лечење,“ се вели во студијата.