Три потенцијални случаи на свински грип во Приштина

На Инфективната клиника во Приштина биле примени на лекување три лица, за кои постои сомнеж дека заболеле од свински грип, кој го предизвикува вирусот од типот А – Х1Н1, пренесе МИА.

Според директорот на Инфективната клиника, Хамди Рамадани пациентите веќе добиваат соодветна терапија.

– Моментно се третираат три сомнителни случаи на грипот А – Х1Н1. Едно лице, кое е од Урошевац, е веќе отпуштено од болница, додека кај другите два случаја се вршат последните анализи за да се утврди дали боледуваат од овој вид на грип, истакна Рамадани.

Во текот на минатата недела едно лице на возраст од околу 50 години почина од компликации добиени од грип, додека неговата ќерка е пуштена на домашно лекување.