Три потреса регистрирани во Хрватска

Во неполни два часа подрачјето на истарскиот град Ријека ноќта кон понделникот бил погоден од три послаби земјотреса, кои не предизвикале материјална штета.

Хрватските сеизомолошки служби забележале слаб потрес во 21 часот и 57 минути со епицентар во Риека.

Магнитудата на потресот изнесувала 2,2 степени според Рихтеровата скала. Само петнаесет минути подоцна дошло и до ново тресење на тлото. Потресот се почувствувал низ целиот град и бил посилен од претходниот.

Третиот земјотрес се случил во 22 часот и 28 минути, пишуваат хрватските медиуми.