Три пожари се активни на територијата на Македонија

Tри пожари се активни на територијата на Република Македонија. Како што информираат од  Дирекцијата за заштита и спасување во текот на денот локализирани се пет и згаснати седум пожари.

Во мометов три пожари се активни и тоа два во општина Македонски Брод, и еден кај на местото викано Леково, општина Прилеп.

Три пожари се активни на територијата на Македонија
Три пожари се активни на територијата на Македонија

Од ДЗС информираат дека во општина Македонски Брод пожар е активен во атарот на село Крапа. Во гаснење на пожарот се ангажирани двајца вработени од Дирекција за заштита и спасување, ТППЕ со три пожарникари, Шумска служба со девет лица, и шест лица од месното население.

Активен е и пожарот кај место викано Царовец  во атарот на село Крапа и на лице место за гасење се ангажирани Шумските служби со пет лица. Поради обемот на пожарот противпожарните авиони на Дирекцијата за заштита и спасување ќе бидат ангажирани за гасење на овој пожар, информираат од ДЗС.

На територијата на оваа општина изгаснат е пожарот во место викано Пела на село Слатина, место викано Слатински извори  и пожарот помеѓу селата Вир и Локвица.

Противпожарните авиони на ДЗС ќе го гаснат пожарот во атарот на село Крапа
Противпожарните авиони на ДЗС ќе го гаснат пожарот во атарот на село Крапа

Во Општина Струга, во атарот на селото Ливада локализиран е пожар во кој гори стрниште. Пожарот избувнал околу пладне и е  локализиран во попладневите часови.

Кај село Костурник и село Табановце во Кумановско исто така денес избувнал пожарот. Во пожарот горела сува трева, но тој е изгаснат околу 13 часот.

Пожар е забележан и кај село кај село Орашац кој е повторно активиран во 13.25 часот. Гасењето на пожарот е во тек и во негово гасење се ангажирани ТППЕ со едно возило и три пожарникари.

Во општина Велес кај селото Војница, месноста викан Пашин Мост локализиран е пожар кој избувнал околу 13 часот. На лице место за гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари и ЈП со четири лица.

Повторно е активен и пожар кај селото Буслици кој има зафатено долга површина и постои опасност за проширување. Во гасење на пожарот се ангажирани ТППЕ со четири пожарникари, шумските служби со две лица и ЈП со три лица.

Изгаснат е пожар во селото Грнчари во Преспа,  во село Елевци, Дебарско и кај село Бање. Пожар повторно се активирал во Росоман во реонот помеѓу селата Дебриште, Мрзен и Ореовец и Камен дол, при што опшжарена е површина од 20 хектари. Пожарот е локализиран во попладневните часови, и три лица од општина Росоман дежураат на терен. Активен е и пожар на местото викано Леково, општина Прилеп.