Три причини поради кои сексот под туш може да боли

Ако една од вашите фантазии е да пробате секс под туш тогаш треба да размислите уште еднаш затоа што постојат неколку причини поради кои оваа секси акција може да се претвори во целосна катастрофа.

1.По првата минута од заедничкото туширање и од она што би требало да биде луда збава под туш, можете да ги изгубите нервите, затоа што првата прегратка може да заврши со удар со лактот во плочките од што ќе ви се сврти во главата, а шампонот од неговата коса може да заврши во вашите очи.

2. Ако случајно сте успеале да ја реализирате оваа фантазија, тоа немора да трае долго – по можеби една минута тој можеби нема повеќе да биде во можност да ве држи, затоа пшто тој е само човек а не Џејмс Бонд. На крај, благо речено, ќе завршите со испробување на чудни пози од уште почудни агли, кои се се’, само не се пријатни.

3. Во самиот старт може да зажалите затоа што не сте купиле лубрикант, затоа што водата, за жал многу брзо ќе испере се од вас.