Три причини зошто жените изневеруваат

Ако мислевте дека изневерувањето е само машка игра, тогаш сте се излажале, и жените изневеруваат, но кога тие го прават тоа, тогаш е многу посериозно. Кај жените многу повеќе е нагласено емотивното неверство, додеа кај мажите се е многу повеќе физикчки. Еве ги трите најчести причини поради кои жените изневеруваат.

Бараат излез

Некои жени и самите не се свесни дека со неверството сакаат да излезат од врската, па на тој начин всушност бараат излез, што ќе им овозможи емотивно да се ослободат од моменталниот партнер. Сексот со некоја нова личност не значи дека ќе останат во врска со него, но тоа е можеби единствен начин да ја завршат приказната со онаа старата.

Работат на самодовербата

Жените изневеруваат и за да ја кренат самодовербата. Ако моменталниот партнер не ги доживува, тие може да чувствуваат дека повеќе не се привлечни или пожелни па ќе бараат доказ дека се привлечни кај некој друг.

Поради задоволство

Иако многу повеќеова е карактеристично за мажите, но понекогаш и жените изневеруваат само затоа што тоа им пружа задоволство. На некои од нив им одговара малку драма во животот, некои сакаат компликации, некои сакаат само малку авантура, а најважно им е сетоа тоа да им пружа задоволство.