Три природни начини за обликување на косата

По напорниот работен ден, косата има тенденција да ги загуби формата и обликот и да делува безживотно. Ако и вие го имате овој проблем и ако сте уморни од скапи фризури и козметички средства, вистинско време е да започнете со природен начин на стилизирање.

Еве три едноставни трикови и преку ноќ ќе добиете одлична фризура. Покрај тоа што ќе заштедите пари, фризурата добиена на овој начин ќе исгледа природно.

Морски бранови

Многу е тешко да се постигнат неуредните бранови. Но, не и со овој трик!

Braid of hair

За да се разбудите со бранови, врзете ја влажната коса во плетенка, пред да одите на спиење. Запомнете, колку плетенките се помали, вашите бранови ќе бидат поцврсти. Доколку имате густа коса, тогаш направете две плетенки за брановите да изгледаат поубаво и поприродно. По спиењето, кога ќе решите да ги отпуштите плетенките, нежно поминете со прстите низ нив и зацврстете ги со спреј или со пена. За усовршување на краевите, немојте да користите четка, туку тоа направете го со вашите прсти.

Неуредна пунџа = кадрици

kosaaaa_1

Собирањето на косата во пунџа е одличен начин за да ја тргнете од лицето, посебно ако работите по дома. Покрај тоа, ако преспиете со пунџа, наутро ќе заштедите време. Вашата фризура ќе изгледа како штотуку да сте излегле од салон.

Пред да си легнете, соберете ја косата во пунџа. Ако сакате поголеми кадрици, тогаш навлажнете ја косата. Ако сакате да имате меки кадрици, пред да ја соберете косата во пунџа, напрскајте ја со спреј.

Наутро кога ќе станете оставете ја пунџата и не ја допирајте се додека не тргнете да излегувате. Пред самото заминување, внимателно пуштете ја косата и напрскајте ја со спреј или со пена за коса за косата да ви биде разиграна во текот на целиот ден.

Кадрици

Beauty with waves in her dark hair

Ако секое утро се борите со кадриците, тогаш ова е вистинско решение за вас!

За оваа фризура употребете серум од арганово масло што ќе го нанесете на прамените, а потоа целата коса, завиткајте ја во свилен шал. Може да ви послужи и памук, односно природна ткаенина која ќе и’ одговара на вашата кожа на главата, а нема да ја оштети косата. Маслото ќе ја омкене косата, а свилата ќе го спреши виткањето и појавата на неуредни кадрици.