Три прoизводи на Клиник за совршена нега на лицето

Дерматолозите во Клиник веруваат дека сапунот е најдобар за нега на лицето. Новата течна формула ви помага лесно и ефикасно да ги отстраните нечистотијата и мастите од лицето. Исто така, со течниот сапун за лице на Клиник најдобро ќе го подготвите лицето за нанесување на лосионот за прочистување.

Сапунот е првиот производ кој Клиник ви го нуди во Негата за лице која се состои од три чекори. Според  дерматолозите, тајната на сапунот за лице на Клиник се крие во неговата течна формула. Тој го чисти вашето лице, без да ја оштети или да ја исуши кожата.

Со лосионот за чистење на лицето на Клиник ќе направите нежен пилинг на лицето. Тој ја омекнува кожата и ја хидрира, овозможува многу полесно да се нанесува шминката и да трае подолго, а ви овозможува да се чувствувате убаво и освежено.

Третиот производ е лосионот за хидратација на кожата. Станува збор за дерматолошка формула која ја комбинира целодневната хидратација на кожата и состојки за зацврстување на кожата, со што ви овозможува помлад изглед на подолго време.