Секс

Три работи што мора да ги знаете за сексот без обврски

Три работи што мора да ги знаете за сексот без обврски

Кога станува збор за секс за една ноќ, мислењата се поприлично поделени. Едни се вечни борци против ваквите краткотрајни секс излети, додека другите се залагаат за сексуална слобода и уживање во секоја смисла. Сепак, било да се припадник на едната или другата струја, неколку работи не смеете да ги пропуштите и да дознаете кога сексот за една ноќ е во прашање.

Утрото потоа и различните чувства

Жените и мажите гледаат целосно поинаку на необврзувачкиот секс. Психологот Ен Кембел спровела истражување на 3.300 мажи и жени, а резултатите го покажуваат она што на некој начин веќе го знаевме. Кога прашала мажи како се чувствуваат по секс за една ноќ, мнозинството изразиле позитивни чувства како што се среќа и гордост. Жените, од друга страна, мнозинството не чувствуваат ниту среќа, ниту гордост. Своите чувства, по ваков однос, ги опишале како срам и чувство дека се „евтини“.

friends_with-benefits_21-600x333

Необврзувачкиот секс е поврзан со лошата психичка состојба

Не значи дека сте луди и депресивни ако сакате необврзувачки секс, но ако може да му се верува на Универзитет во Охајо спроведено на 10 илјади луѓе не сте во идеална состојба. Голем процент на луѓе кои бираат меѓу необврзувачки секс како начин на социјализација страдаат од некој вид на депресија или немање самодоверба, а забележана е и често практицирање на секс за една ноќ кај лица со суицидални мисли.

tumblr_llexadjQma1qggcr6o1_500

Тоа е работа на генетика

Психологот џастин Гарсија спровел истражување за да провери имаат ли промискуитетот и склоноста кон секс за една ноќ некаква врска со генетиката и дошол до интересен заклучок. Лицата кои имаат ген ДРД4 се склони кон вакво однесување. Генот влијае на излачувањето на допамин, кој што се поврзува со бројни други нарушување како АДХД и алкохолизам. Резултатот е склоност кон неодговорно однесување, во што се вклучува и секс за една ноќ со голем број партнери. Тоа секако не значи дека луѓето кои се склони кон неверство можат да се извлекуваат на овој ген. Експертите предупредуваат дека на сексуалното однесување покрај генот влијаат и голем број други фактори.