Три работи што на жените им се поважни од изгледот на мажот

Циничните мажи ќе речат дека тоа сигурно се добриот автомобил, полниот паричник и раскошниот животен стил…

Секако дека постојат жени што паѓаат и на тоа, но по се изгледа, овие три работи не се пресудни. Она што некоја жена ќе ја привлече нема врска со парите, па и без разлика на тоа колку некои се уверуваат во тоа.

Самодоверба

Мажите со самодоверба се едноставно неодоливи, а типот на самодоверба нема врска со позицијата на работното место и парите што ги заработуваат. Мажите што имаат доста самодоверба можат со еден поглед да го привлечат вниманието на сите жени во просторијата, а дури и кога ја немаат, може да ја одглумат, барем до некоја мерка – треба само да се знае границата помеѓу самодовербата и вообразеноста.

Независност

Повторно, не станува збор за финансиската независност, туку за независност од жената. Мажот што јасно покажува дека може да живее без жена кога и да посака, автоматски е попривлечен од оној што ќе се удави во сопствените солзи ако некое време нема девојка.

Начинот на кој се однесува кон другите

Секоја жена барем еднаш запознала маж што е гласен во друштво и крајно некултурен кон келнерот затоа што мисли дека вреди повеќе од него. Начинот на кој што мажот се однесува кон другите говори и многу за тоа како ќе се однесува кон неа, па затоа гласните,  безобразните фраери воопшто не се поинтересни од оние што делуваат културно.