Во три региони температури од портокалова фаза

Три региони во државата денеска ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, а останатите региони со температури од жолта, односно алертна фаза, соопшти Министерството за здравство, повикувајќи се на најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.

Температури од портокалова фаза денес се очекуваат во Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион.
Температури од портокалова фаза денес се очекуваат во Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион.

Температури од портокалова фаза денес се очекуваат во Охридско–преспанскиот, јужно-вардарскиот регион и осоговско-малешевски регион.

Во овие региони температурите ќе бидат  повисоки од вообичаените за овој период од годината. Според информациите од УХМР дневната температура ќе се движи од 35 до 42 степени, а УВ индексот ќе изнесува 9.

Донесените препораки за ослободување од работните обврски на бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години, како и препораките да се избегнува вршење градежни активности на отворено во периодот од 12 до 17 часот, продолжуваат да важат.

Почитувајте ги препораките!

Покрај овие препораки, во регионите кои утре ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза (Охрид, Струга, Дебар, Ресен, Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија) Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период, соопштуваат од Министерството за здравство.

За населението од целата територија на државата и понатаму важат општите препораки за заштита од високите температури, согласно Акцискиот план за заштита од топлотни бранови:

– Во текот на екстремно топли денови, се препорачува престој во затворени климатизирани простории, а при неопходен престој на отворено, да се овозможат почести одмори под сенка.

– Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце и заштитни очила и капа. При сончање се препорачува да се користи крема со висок заштитен фактор.

– Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна.

– Да се внесуваат големи количества течности (најдобро обична вода за пиење),  а да се избегнуваат алкохолните пијалаци.

– При влегување во возило, потребно е одреден период да се проветри возилото.

Се препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Внимавајте на исхраната

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарските производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивната употреба, како и термичка подготовка на храната и нејзино консумирање во многу кус рок по подготовката (доколку тоа не се направи, подготвената храна да се стави во фрижидер на + 8 степени, а пред употреба истата да се загрее на + 100 степени).

Од Министерството за здравство, препорачуваат да се избегнува консумирање производи кои не се  термички обработени, како мајонези од домашни јајца, а внимателно да се консумира сладолед и разни кремови.

Внимавајте на исхраната
Внимавајте на исхраната!

Во текот на летниот период, во сите градови низ државата се поставени пунктови за превентивни препораки и совети за заштита од високите температури. Пунктовите функционираат секој ден во периодот од 18:30 до 21:30 часот. На пунктовите се врши мерење на крвен притисок и се даваат совети за превенција од топлото време и за здрав начин на живот.

Дополнителни препораки поради најавените температури од портокалова фаза

На предлог на Министерството за здравство на вчерашната владина седница беа донесени дополнителни препораки за заштита на населението од високите температури.

Владата донесе препорака за ослободување од работните обврски на сите лица кои работат со скратено работно време поради здравствени причини.

Воедно, се препорачува да се избегнува вршење градежни работи на отворено во периодот од 11 – 17 часот (за еден час подолго од досегашната мерка која се однесуваше на периодот од 12 – 17 часот).

Со цел заштита на ранливите групи на население, Владата донесе препораки за поактивен пристап на надлежните служби (Министерство за труд и социјална политика, локална самоуправа, Црвен крст) кон ранливите групи, како што се: бездомници, деца на улица, осамени лица, и сл.

Овие служби со координиран пристап потребно е да ги детектираат осамените, изнемоштени лица, да им пружат неопходна помош од храна и вода за пиење, додека за бездомниците и деца на улица да се обезбедат климатизирани простории каде ќе престојуваат во текот на најтоплиот дел од денот (11 – 17 часот).

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.