Три сестри се породиле во ист ден

Овие три Ирки, инаку сестри, успеале да постигнат нешто што според законите на веројатноста е речиси и невозможно.

Трите сестри од Ирска се породиле на ист ден, во иста болница, додека нивната четврта сестра, која исто така била бремена, ги надминала за само неколку дена.

Трите сестри родиле три здрави бебиња, кои сите заедно ќе го слават својот роденден на 1-ви септември.

Мејрид Фицпатрик била прва која што се породила, раѓајќи го момчето Томас во 3:25. Нејзината сестра Џолин Годфри го родила девојчето Сорша во 11:00, додека третата сестра Берни Ворд го родила момчето Фела околу 20:30 часот.

Нивната четврта сестра Кристина Мареј е исто така бремена и во секој момент очекува да се породи. Таа вели дека е помалку разочарана што не се породила на истиот ден како и нејзините три сестри и се надева дека нејзиното дете колку што е можно побрзо ќе дојде на овој свет.

Инаку, сестрите велат дека не планирале ниту истовремена бременост, ниту истовремено породување. Дури и нивните термини не биле на истиот ден, но сепак се случило вистинско чудо што сите три се породиле во текот на само едно деноноќие.

Докторите и сестрите на одделението за гинекологија и акушерство се изненадени од ваквата случајност и велат дека никогаш немале прилика да сведочат на нешто вакво.

– Сите зборуваме за тоа, тие се главна тема во болницата, се пошегувала една докторка.