Три сообраќајки во Кочани, три лица се хоспитализирани

За неполн половина ден три сообраќајки се случија во Кочани. Две лица се хоспитализирани со телесни повреди и причинета е материјална штета.

Како што јавува Канал 5, првата од трите несреќи се случила во централното градско подрачје кога автомобил марка БМВ со голема брзина удрил во бетонска ограда.

Возачот, 27 годишен кочанчанец се здобил со тешки телесни повреди и во моментов се наоѓа на лекување во кочанската болница.

Само неколку часа подоцна на излезот од Кочани, во непосредна близина на бензиската пумпа Ек – Оил се судриле трактор и камион. Во оваа сообраќајна нерсеќа нема повредени ниту жртви, но причинета е материјална штета.

Половина час подоцна, нешто по седум часот, се случила уште една сообраќајна несреќа на улицата „9 –ти Мај“.

Се судриле автомобил марка Форд Мондео и трактор. Со телесни повреди е хоспитализиран возачот на тракторот.

Повредените од кочанските сообракајки се вон животна опасност. Истрагата за нив е во тек.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.