Со три состојки избришете го пролетниот умор

Пролетта сама по себе носи промени што влијаат врз нашето расположение, имунитет и комплетното чувство… Еве еден пијалак што го решава уморот и омалаксаноста!

Состојки:

3 исчистени портокали

1 лажичка ленено масло

1 дл студена вода

Подготовка:

Ставете ги сите состојки во блендер и добро промешајте. Ако немате блендер, добро исцедете го сокот од портокали и во него додадете го маслото и водата па добро промешајте.

Портокалот е богат со витамин Ц, калциум и фолна киселина, а лененото масло е тука за да го забави протокот на овошните шеќери од овошјето во крвотокот и така да обезбеди рамномерно создавање на енергија во траење од неколку часа.

Овој сок може да ви помогне во превенцијата кај кардиоваскуларните болести и болестите на белите дробови, а неодамнешните медицински истражувања покажаа дека редовното користење на ленено масло го намалува покачениот крвен притисок.