ФОТО: Три совети од Адријана Лима за совршен изглед

Доколку сакате да постигнете совршена форма и облик на телото тогаш следете ги советите на Адријана Лима.

Славната манекекнка и топ модел Адријана Лима со години наназад важи за една од најпосакув аните жени во светот. Благодарение на наследената убавина и совршеното тело, фаталната Бразилка успеа да стане сон речиси на сите припадници на посилниот пол.

Сепак таа признава дека за добриот изглед на телото морала малку и да се помачи. Таа уште на почетокот на кариерата ги усвоила трите најважни услови за витко тело и за убава, затегната кожа, па оттогаш постојано се придржува до овие правила и не планира никогаш да престане. Еве кои се нејзините тајни:

  1. Хидратација

За нејзината прекрасна фигура, но и за здравата кожа според Лима најважна е правилната и постојана хидратација на телото.

lima-1

Пијте вода и ќе имате убава кожа. Исто така, пиењето вода помага да се сопрат нападите на глад. Јас многу време поминувам во автомобил – ги возам децата, одам на состаноци или в о теретаната. Лесно е да поминете низ „драјв ин“ и да купите нездрава храна. Затоа секогаш со себе носам шише вода и свежо овошје, открива Адријана.

  1. Појадок

Манекенката слепо го следи уверувањето дека денот треба да се започне со пијалок што ќе го поттикне метаболизмот  да работи. Таа затоа за појадок секогаш зема пијалак со авокадо со малку вода и мед.

Штом ќе го испијам станувам полна со енергија, а метаболизмот работи како часовник. Пробајте и вие промешајте чаша студена вода, половина авокадо и малку мед во блендер и пијте го ова секое утро, ве советува таа.

  1. Вежбање

    Нема магино стапче за фит фигура. За да бидам во форма морам многу да работам на себе си, открива таа и додава дека секој ден трча барем половина час или вози велосипед, а секогаш кога може оди во теретана или на бокс, по што исто така е позната.

lima-2

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.