10.8 C
Skopje
вторник, март 19, 2024

Три теми за сексот кои сите ги одбегнуваат

Загрижени сте поради разговорот со партнерката за Вашето сексуално минато? Не сте единствени!

Истражувачите од универзитетот Невада во американскиот град Рено тврдат дека повеќето луѓе сакаат да го избегнат тој разговор. Тоа го откриле по направеното истражување на 265 луѓе кои биле во врска. Тие им поставувале прашања за тоа како се чувствувале кога отворено разговарале со своите партнери за сексуалните искуства

Разоткривањето на минатите сексуални искуства, разговорот за анален секс и дискусијата за порнографија – се темите на разговор за кои испитаниците сметаат дека негативно влијаат врз нивните партнери.

Од друга страна, партнерите најпозитивно реагирале кога се разговарало за тоа во што најмногу уживаат за време на сексот, за своите специфични сексуални склоности, за праксата на сигурен секс итн.

Секако, ваквите разговори често знаат да бидат тешки и неугодни, но тие се од големо значење за Вашата врска, сугерираат научниците. Тоа функционира во затворен круг – доколку сте задоволни со односот во врската, Вие ќе бидете поотворени со партнерот и полесно ќе ги споделувате своите искуства. А што повеќе споделувате, толку позадоволни ќе бидете со Вашиот однос.

Затоа скршете го мразот и разговарајте за вашето сексуално минато.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.