понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 19

Три женски тајни што гинекологот мора да ги знае

Организмот на секоја жена е поинаков, па така и менструацијата е различна, но јачината на крварењето е она на што морате да обрнете најмногу внимание. Голем број жени поради незнаење или срам пред гинекологот ги премолчуваат проблемите што ги имаат со менструацијата, но овие три тајни задолжително мора да ги откриете.

devojka-vo-krevet

Поврзани вести

  1. Обилна менструација

Организмот на секоја жена е поинаков, па така и менструацијата е различна, но јачината на крварењето е она на што морате да обрнете најмногу внимание. Ако за време на крварењето морате често да ја менувате влошката, односно, таа целосно станува мокра за еден час или трошите најмалку 10 тампони дневно, тогаш имате обилни крварења што мора задолжително да се испита.

  1. Долготрајна или прекратка менструација

Траењето на крварењето варира од жена до жена. Но, гинеколозите советуваат да им се обратите ако крварите подолго од 7 дена или пократко од 2 дена. Во тој случај имате менструација со необично долго или кратко траење и потребно е да се утврди поради што се случува тоа.

  1. Згрутчувања

За време на менструацијата доаѓа до лупење на слузокожата на матката и поради тоа може да се случи да забележите мали згрутчувања, посебно во периодот кога најмногу крварите. Но, ако згрутчувањата се големи и се појавуваат секој ден од менструацијата, тогаш задолжително треба да се јавите кај гинеколог.

Најчитани вести