Три златни медали за македонските карате јуниори и кадети на Балканското првенство

На Балканското карате првенство за кадети и јуниори и јуниори до 21 година кое се одржа во Софија 13-14 .12.2014 македонската карате репрезентација освои три златни медали и повеке сребрени и бронзени медали.Прилепските каратисти се вратија со седум медали од кои репрезентативци членови на ККРонин се вратија со 6 медали од кои два се златни еден сребрен и три бронзени медали а бронзен медал во ката тим за кадети и јуниори освои тимот на ККБонсаи.

Од ККРонин злато освоија кадетката Анасатасија Матеска во ката кадетки која имаше пет победи над Србија,Соманија ,Црна Гора,Словенија и во финале повторно со Србинка.Злато освои и ката тимот во состав Мишела и Маријана Димоски и Каракашоска Искра во ката тим во јуниорки до 21 година (иако имаат по 16 години се натпреваруваа со многу повозрасни 21 година и освоија злато)).

IMG_0037

Сребро освои Мишела Димоска која во финалер стигна со 4ри победи над Словенија,Грција,Србија,Црна Гора а загуби од турчинката Бозан Дилара на која наиде и Маријана Димоска во мечот за финале.Маријана Димоска освои бронза со четири победи над Романија,Србија,Хрватска,Словенија.

IMG_0047

Бронза освои и Марија Матракоска која имаше четири победи а за финале загуби од србинката Младежиќ,Матракоска настапи и во категоријата борби -55кг каде загуби за бронза со тесен резултат 1-0.Бронза освои и ката тимот во јуниорки и кадетки (14-17 години) близначките Димоски и Каракашоска кои за финале загубија од Турскиот тим со голема неправда на двајца судии кои им помогнаа на многу послабиот турски ката тим да извојува тесна победа со 3-2.

Неправдата беше исправена кога истиот македонски ката тим-близначките Маријана и Мишела со Искра подоцна настапија во посилната и повозрасна категорија за јуниорки до 21 година каде освоија златен медал.

IMG_0044

Во најсупешните натпреварувачи на првенството од сите 11 земји учеснички се вбројуваат близначките со освоени по три медал Мишела по еден медал злато,сребро и бронза а Маријана со еден златен,и два бронзени медала.
На Балканското првенство настапија 9 репрезентативци од ККРонин а покрај освојувачите на медали настапија и Андреј Бошкоски,Марија Зероска,и Матеа Талеска а Киријана камческа по три победи имаше можноста во четвртиот меч да се бори за бронза но загуби од српската репрезентативка исто така и Искра каракашоска имаше три победи.
Ова беше и последниот филтер за репрезентативците кои ке настапат на Европското Првенство во цирих 2015 во Фебруари.