Три знаци дека имате совршен сексуален живот

Ако по сексот, не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате трнење и треперење на телото и ве фаќа сладок замор – тогаш имате одличен сексуален живот!

Размислувате за вашиот сексуален живот и се прашувате дали е тоа – тоа? Или, сепак, би ви било подобро со некој друг? Еве ги одговорите на сите ваши прашања – овие три знаци ќе ви покажат дека вашиот сексуален живот е апсолутно совршен!

За време на сексот не се грижите за изгледот

Водењето љубов е страстен момент, при што, за да уживаме, целосно им се предаваме на емоциите. Во овие моменти не ни е важно како изгледаме, каква ни е фризурата и дали може да се види целулитот. Ако се препознаете во оваа ситуација, треба да знаете дека го имате вистинскиот партнер.

Mожете да му кажете на партнерот што го сакате

Сексот е многу индивидуален „спорт“ и секој од нас има различни желби и потреби. Поради ова, совршениот секс гарантира комуникација меѓу партнерите. Ако не се двоумите да го насочите вашиот партнер и да му кажете која поза ви се допаѓа, бидете среќни, бидејќи вашиот секс е надпросечно добро.

По сексот се чувствувате опуштено и среќно

Докажано е дека сексуалниот однос влијае на функцијата на мозокот и на секрецијата на хормонот на среќа и задоволство. Но, тоа се однесува само страсниот секс во кој нема двоумење. Ако после секс, не можете да ја тргнете насмевката од лицето, чувствувате трнење и треперење на телото и ве фаќа сладок замор – треба да знаете дека вие имате одличен сексуален живот!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.