Три знаци кои ви создаваат илузија дека сте вљубени, а не сте

Знаете ли да препознаете љубов? Сите ја опишуваат како чин на задоволување на основните емоционални потреби и како интензивно чувство кое носи блискост меѓу две лица.

Но, работите не секогаш се така едноставни.

Овие три знаци кои често ги поврзуваме со љубов, всушност се големи грешки.

1. Забава

Ако ви е забавно во нечие друштво, тоа не значи дека сте заљубени. Смислата за хумор и смеењето не се јасни знаци дека сте ја нашле љубовта на вашиот живот, туку само сте нашле добар пријател.

2. Пеперутки

Фамозните пеперутки во стомак се сметаат за симбол на љубов, но нив може да ги почувствувате скоро од сè. Жените често ги чувствуваат кога купуваат нови штикли, а мажите кога игра нивниот омилен фудбалски тим. Затоа, не им верувајте 100%.

3. Страст

Тоа што сексот ви е одличен не значи дека сте ја пронашле вистинската личност, туку само дека сексуалната хемија и компатибилноста во креветот се на место. Честопати во страстите може да недостасува романтика. Страствениот секс е секако препорачлив, но не е гаранција која ви покажува дека врската ќе успее.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.