Три жртви на синоќешните протести во Венецуела

Најмалку тројца загинаа, а 40-ина се повредени за време на синоќешните големи протести против претседателот на Венецуела Николас Мадуро, одржани во повеќе градови.

Момче било застрелано во главата во главниот град Каракас, а жена убиена во градот Сан Кристобал на демонстрациите, наречени мајка на сите протести.

Во Каракас е убиен и гардист, но не е познати деталите.

Во главниот град се собраа десетици илјади луѓе, а полицијата употреби солзавец за да ја смири толпата, која протестира поради диктаторските методи на Мадуро и длабоката економска криза.

Социјалистичкиот лидер се закани дека ќе извади војска на улицата и ја обвини опозицијата дека насила сака да ја урне неговата власт.

Во протестите минатата недела беа убиени пет лица.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.