Трибина на ГДОМ во Кавадарци

Граѓанското движење за одбрана на Македонија вечерва ќе одржи трибина во Кавадарци.

Трибината на ГДОМ ќе се одржи во Домот на културата во Кавадаци во 19 часот.

Во Граѓанското движење за одбрана на Македонија членуваат историчари, научници, професори, новинари, глумци и други интелектуалци.

ГДОМ досега одржа трибини во неколку градови во Македонија, меѓу кои, Битола, Велес, Штип, Куманово…