среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 52

Трибина на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, младите струмичани ги дадоа своите идеи

На вчерашната трибина беа дадени дваесетина издржани предлози што може да бидат земени во предвид за, како што беше речено најдобрата програма што била предложена на избори досега.

Трибина на УМС на ВМРО - ДПМНЕ во Струмица

Трибина на УМС на ВМРО - ДПМНЕ во Струмица

Поврзани вести

Младината на ВМРО-ДПМНЕ синоќа одржа трибина во Струмицa. Во салата на националната културна установа ги дадоа своите идеи за новата предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори во април 2016 година.

На трибината, младите струмичани ги пренесоа идеите на претседателот Владимир Нелоски кој што ја водеше трибината како дел од таа значајна активност на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

УМС продолжува со трибините за да ги слушнеме младите какви идеи имаат, какви предлози и забелешки во однос на потребите кои ги имаат. Досега на овој штанд ми беа напоменети неколку потреби од младите во Струмица, како што е фитнес зона, каде ќе може да спортуваат, зголемување на капацитетот на читалната во библиотеката и ред други работи. ВМРО-ДПМНЕ како партија ја прави својата програма со младите луѓе. Сакаме да ги слушнеме младите луѓе бидејќи пред се во нашата програма треба и ќе се најдат потребите на младите луѓе и сето она што ќе им служи во понатамошниот период, после победата во изборите во април. За разлика од локалниот градоначалник кој нема време да им се посвети на младите во Струмица, ние како ВМРО-ДПМНЕ имаме приоритет, а нашиот приоритет се токму  младите, рече Нелоски.

Претседателот на УМС на ВМРО - ДПМНЕ, владимир Нелоски на трибина во Струмица

Претседателот на УМС на ВМРО – ДПМНЕ, Владимир Нелоски на трибина во Струмица

Досега сите ветени работи во досегашната програма на ВМРО-ДПМНЕ се реализирани или се започнати,  а УМС во Струмица се гордее со тоа бидејќи како што потврдија присутните сите досегашни предлози и проекти се дадени главно од младите.

Трибина на УМС на ВМРО - ДПМНЕ во Струмица

Трибина на УМС на ВМРО – ДПМНЕ во Струмица

На вчерашната трибина беа дадени дваесетина издржани предлози што може да бидат земени во предвид за, како што беше речено најдобрата програма што била предложена на  избори досега.  Истовремено младите од Струмица изразија незадоволство од стагнирањето на проектите од општината.

Најчитани вести