Трибина на УЖ на ВМРО – ДПМНЕ на тема „Алергии, деца и возрасни“

Со почеток во 19:00 часот, денес во големата (концертната) сала на Домот на АРМ, ќе се одржи трибина на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, во организација на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ ОК Карпош.

Тема на трибината ќе биде „Алергии, деца и возрасни“, а не неа ќе говорат др. Спец. Татјана Баевска – педијатар, проф. Др. Дејан Докиќ – пулмоалерголог, др. спец. Оливер Зафировски – педијатар и Марина Домазетовска – нутриционист.