Трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Неготино

Со почеток во 19 часот, во Домот на културата „Ацо Ѓорчев“ во Неготино, денес ќе се одржи трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

На трибината ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ предводени од Зоран Ставрески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.