Трибина на УМС во Куманово: На 24-ти април младите ќе го кажат својот збор

Водејќи се од примерот на својата матична партија, УМС на ВМРО – ДПМНЕ започна со трибини низ повеќе места во Македонија. Вечерва во Куманово подмладокот на владејачката партија одржа трибина каде беа собрани идеи.

Младите имаа можност да кажат што им недостига, а истите идеи подоцна да бидат разгледани од одреден тим и доколку се конструктивни и содржајни да бидат ставени во програмата за наредните предвремени парламентарни избори кои ќе се одржат во април следната година.

ums-idei-2

Причината за одржување на овие трибини е тоа што заклучувиме дека младите во однос на кампањата доста партиципираа со идеите односно повеќе од 30 отсто идеите се од млади луѓе и сметавме дека имаше потреба, ние како УМС  да одржиме ваков тип на трибини при што ќе има можност секој млад човек да даде свој придонес за креирање на програмата, а со тоа и креирање на иднината, изјави Орце Ѓорѓиевски, потпретседател на УМС.

ums-idei-3

УМС се уверени дека на 24-ти април младите ќе го кажат својот збор и ќе го дадат својот глас за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, а со тоа директно ќе партиципираат во програмата и ќе можат да учествуваат во оставрувањето на истите во наредните 4 години, откако ќе го добијат мандатот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.