Трибина во Велес- граѓаните во одбрана на Македонија

Од вечерва започнуваат трибините на граѓанското движење за одбрана на Македонија.

По масовната поддршка која пристигна од цела земја, иницијаторите на движењето донесоа одлука да посетат повеќе градови во Македонија и преку трибини да остварат дијалот со граѓаните.

Првата трибина е во Велес со почеток од 19 часот. Покажан е огромен интерес од граѓаните кои се сплотија со единствена цел- да покажат дека националните интереси за нив се пред се.

Во вестите на Канал 5 гостуваше политичкиот аналитичар Тони Науновски кој истакна дека се придружува кон автентичниот отпор на македонскиот народ.

-Како и многупати во историјата, доживеавме овие денови уште една многу голема опасност за нашата држава и тоа опасност од политичка партија, односно структури, кои навистина можат да предизвикаат голем број негативни последици на многу аспекти во функционирањето на нашата држава. Македонскиот народ како и многупати во историјата ја препознава големата опасност по својата држава и ние, секој од нас мора да допринесе автентично да се придружи против сите обиди на странски служби, на непријателите, рече Науновски.

Тој додаде дека секој од нас треба да даде придонес во зачувувањето на нашето парче земја и на нашето парче небо кое единствено е наше.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.