Трибина: Вредноста на македонската архитектура денес

Во склоп на 14от Меѓународен саем на градежништво, градежни  материјали и градежна механизација и 7от RealExpo – Меѓународен саем на недвижностисаемите, денака во 15.00 часот во Дипломатик салата на Скопски саем ќе се одржи трибина на тема „Вредноста на македонската архитектура денес“ во организација на Асоцијацијата на архитекти на Македонија и Скопски саем.

На трибината ќе се разговара за вреднувањето на професијата архитект во Македонија, цените на проектирање по кои работат архитектите и нивото на квалитет при имплементација на проектите во градба. На истата е планирано да говорат архитекти од пракса кои се експерти во својата област.

Воедно, на Саемот на градежништво во организација на Дворник, Проген З и Македонско здружение за заштита при работа со практична демонстрација на скелето на Каравас ќе се одржи презентација од областа на заштита при работа на тема „Разберете ја работата на височина за да изберете соодветна опрема“. Истата ќе се одржи во два термина, првиот во 12.00 часот и втората во 17.00 часот.

Саемот на градежништво претставува значајна специјализирана манифестација која подразбира сестрана промоција на оваа стопанска гранка на производителите од Македонија и од странство додека на Саемот на недвижности – RealExpo посетителите може да ги разгледаат одличните понуди на станови и куќи во Република Македонија.