Македонија

Трибина за здравата бременост и безбедно мајчинство

Трибина за здравата бременост и безбедно мајчинство

Во Дом на АРМ, денеска се одржа Трибина на тема „Здравствените аспекти  на здравата бременост и безбедно мајчинство“,  во организација на Здравствена Комисија на ИК на УЖ на ВМРО ДПМНЕ.

Целта на оваа трибина е подобрување на информираноста,  здравствена едукација  и пристап до здравствените услуги при  планирање на семјството, особено меѓу младата полулација и намалување на здравствените ризици на мајката и доенчето кое бара мултидимензионален и мултисекторски пристап.

umsssss

Со оваа трибина се промовира јасен концепт и подршка за обезбедување на здрава и безбедна бременост како и соодветна грижа за доенчињата, со цел намалување на здравствените ризици и смртноста кај бремените жени и доенчињата, како една од важните цели на здравствената заштита и здравствената политика на земјата.

На трибината со своите излагања учествуваат проф. др. Аспазија Софијанова, педијатар-неонатолог, од Клиниката за детски болести проф. др. Елена Ќосевска од Институтот за јавно здравје, асс. др. Марија Хаџи Лега, гинеколог –акушер од Клиниката за Гинекологија и Татјана Илиева – Хаџиевска, гинеколог од ПЗУ ,,Др. Хаџиевска„ Поликлиника Идадија- Скопје.