Трибина за жените и нивната безбедност во сообраќајот

261

На вчерашната трибина „Временските услови како фактор за безбедноста во сообраќајот“ се обратија оперативниот директор на АМСМ Ирена Миноска Пехливанова,  претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Стојче Стаменковски, Државниот секретар во Министерството за внатрешни работи Сања Димитриевска, како и експерти, професори и преставници од јавниот живот.

Како што се наведува во соопштението на РСБСП, учесниците на трибината посочиле дека улогата на современата жена во сообраќајот е значајна и не се ограничува само на придонесот на жените како активни учесници во сообраќајот и истата е многу позначајна ако се земе во предвид дека жената, пред се била и ќе биде мајка, родител, воспитувач и едукатор.

Сообраќајната култура, етика, навиките на однесување во сообраќајот се учат од најмали нозе, а тука улогата на жената-мајката отсекогаш била и ќе остане  неприкосновена. Носител на позитивните промени во сообраќајот,  во градењето на сообраќајната култура може и треба да биде жената и тоа, како што се наведува во соопштението, е главниот мотив  РСБСП и АМСМ да организираат трибина посветена на жените, нивната улога во сообраќајот и проблемите и предизвиците со кои се соочуваат жените како учесници во сообраќајот.

Процесот на промена на навиките и културата на однесување во сообраќајот е бавен  и тежок, но нашата мисија е благородна и значи спасување на човечки животи и затоа нема да застанеме. Не се откажуваме, а вашата подршка за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди навистина многу ни значи,  изјави Стаменковски.

Според Димитриевска истражувањата и анализите покажуваат дека жените-возачи, се многу внимателни при возење, одговорни се, и се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи.

Статистиката покажува дека жените помалку предизвикуваат сообраќајни незгоди со фатални последици и дека помалку страдаат во сообраќајни незгоди. Во изминатата година во Македонија  од 165 загинати лица во сообраќајни незгоди,  29 се припадници на понежниот пол, изјави Димитриевска.

На светско ниво 1.3 милиони луѓе умираат секоја година на патиштата како последица на сообраќајни незгоди, секои 30 секунди по еден човек го губи животот во сообраќајна незгода или тоа е повеќе од 3.000 луѓе на ден, а  50 милиони луѓе во светот се повредени во сообраќајни незгоди на годишно ниво додека голем дел од нив остануваат со трајни последици.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.