Трибини на ВМРО-ДПМНЕ во Сарај и Чаир

Во организација на ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се одржат две трибини како дел од кампањата „На Македонија и треба твојата идеја”.

Првата трибина ќе се одржи во 17:30 часот во општинска сала во Сарај, а втората трибина ќе се одржи во 19:30 часот во општинска сала во Чаир.

На трибините ќе присуствуваат и ќе се обратат високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, предводени од Владимир Пешевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.