Тричковски две години во Ал Наср

Македонскиот фудбалски репрезентативец Иван Тричковски потпиша две годишен договор со тимот на Ал Наср, клубот од Дубаи, кој се натпреварува во првенството на Обединетите Арапски Емирати.

Тричковски доаѓа во Ал Наср на барање на својот поранешен тренер од АПОЕЛ, Србинот Иван Јовановиќ, со кого имаше одлична соработка и играше една сезона во Лигата на шампионите.

Тричковски неодамна спогодбено го раскина договорот со беглискиот Клуб Бриж, каде дојде во 2012 година, но не успеа комплетно да се наметне, па минатата сезона ја одигра како позајмен играч во редовите на Васланд Беверен.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.