Тричковски двоен стрелец за Ал Наср

Македонскиот интернационалец во редовите на Ал Наср, Иван Тричковски беше најзаслужен за победата на неговиот тим во Гулф купот.

Ал Наср славеше со 2:1 против тимот на Ајман, а двата погодока ги постигна токму нашиот Тричковски – по еден во двете полувремиња.

Ова е четврта победа за тимот на Ал Наср во исто толку натпревари, и во моментов е на првото место на табелата во групата А.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.