Тричковски сака да му помогне на Ѓуровски

Напаѓачот на белгискиот прволигаш Беверен, Иван Тричковски, откри дека кај сите репрезентативци на Македонија постои желба да му помогнат на новиот селектор Бошко Ѓуровски, со победа и во позитивна атмосфера да ја започне авантурата на новото работно место.

“Ова е еден нов почеток за фудбалската репрезентација на Македонија. Нов почеток со нов селектор. Подготвени сме за овој предизвик и сите сме свесни дека сите натпревари се од голема важност, без разлика дали станува збор за пријателски или квалификациски. Сакаме да оствариме победа над селекцијата на Летонија, знаеме дека така ќе ја подобриме атмосферата, дека триумфот ќе има големо, позитивно влијание врз нашата самодоверба. Сакаме да ги израдуваме нашите верни фанови. Само со победа можеме да му помогнеме на нашиот нов селектор. Сакаме со победа да ја започне авантурата на новото работно место”, изјави Тричковски