Тридневен марш Чеплес – Водно

Планинарскиот спортски клуб „Бистра“ организира тридневен марш Чеплес – Водно во организација на еколошко-планинарското друштво Guardians of nature – I love hiking group Macedonia.

Маршот ќе се одржи од 29 април до 1 мај, а неговата цел е проверка на подготвеност за долги планинарски тури.

Со поминување на речиси 50 км (или 70 км доколку патот од Богомила до с. Папрадиште се помине пешки), овој марш спаѓа во средно тешки акции.

Маршот е одлична можност за проверка на силите пред трансверзалите што следат и турите на Алпи, како и добар тренинг за сите останати добри трекинг патешествија кои ни претстојат, информираат од планинарскиот спортски клуб „Бистра“.