Tридневна акција за одлагање на кабаст отпад во Кисела Вода

Општина Кисела Вода ги известува своите жители дека на територија на оваа општина започнува тридневна акција за одлагање на кабаст, волуменозен отпад, којашто ќе се одржи од петок (07.11.2014) до недела (09.11.2014).

Имено, согласно постигнатиот договор со ЈП “Комунална Хигиена” на минатонеделниот состанок во општина Кисела Вода, на која, освен градоначалниците на општина Кисела Вода и на град Скопје, Билјана Беличанец-Алексиќ и Коце Трајановски, присуствуваа и директорите на Јавните Претпријатија, на повеќе локации на територија на општината, ќе бидат поставени големи контејнери за одлагање на кабаст и волуменозен отпад (стар мебел, душеци, стари електрични уреди и сл.).

Општина Кисела Вода, преку Секторот за месна самоуправа и за соработка со невладин сектор, ги известува граѓаните кои живеат во овој дел од градот дека доколку имаат ваков отпад, можат уредно да го депонираат на следните локации, во следните термини:

Термин: 07.11.2014 год. петок

– Месна заедница село Драчево (парк) кон.тел. 071/391-237

– Урбана заедница Расадник (ул.Народни Херои, до контејнерите пред СП Маркет) кон.тел. 070/294-434

– Месна заедница Припор (ул.Христо Татарчев крак 14) кон.тел. 071/262-883

– Урбана заедница Кисела Вода (ул.Ѓорѓи Димитров бр.52, Дом за слепи лица) кон.тел. 071/391-177

– Урбана заедница Бирарија (ул.Томе Арсовски бр.30) кон.тел. 072/313-319

– Месна заедница Пинтија (ул.Саса, Парк Детски сон) кон.тел. 071/391-214

– Урбана заедница Цветан Димов (ул.Емил Зола, кај постоечките контејнери) кон.тел.072/314-953

– Урбана заедница Цветан Димов (меѓу ул.Невена Георгиева Дуња бр.15 и ул.Драга Стојановска бр.8-а) кон.тел.072/314-953

 

Термин: 08.11.2014 год. Сабота

 

– Урбана заедница Црниче (ул.Наум Охридски) кон.тел. 071/391-167

-Урбана заедница 11 Октомври-згради (ул.Пушкинова бр.4,парк Пушкин) кон.тел.071/391-244

– Урбана заедница 11 Октомври-згради (ул.Михаил Чаков бр.4, Топлана) кон.тел.071/391-244

– Урбана заедница 11 Октомври-бараки (пред урбана заедница ) кон.тел.071/391-176

– Урбана заедница Населба Драчево (ул.Коперникова) кон.тел.071/391-230

– Урбана заедница Населба Драчево (ул.Димитрија Чуповски меѓу зграда 76 и 78) кон.тел.071/391-230

– Урбана заедница Расадник (ул.Христо Татарчев 47/1 наспроти ЈДГ 8-Ми Март) кон.тел.071/391-244

– Месна заедница Подстаница (месност Дупки) кон.тел.071/391-250

 

Термин: 09.11.2014 год. Недела

 

– Урбана заедница Пржино (спој на ул.Пржино и ул.Кавалска) кон.тел.071/391-164

– Урбана заедница Бирарија (Шампионче) кон.тел.072/313-319

– Урбана заедница Цветан Димов (пред студентски дом Пелагонија) кон.тел.072/314-953

– Урбана заедница Цветан Димов (ул.Христо Татарчев 20 наспроти Општината) кон.тел.072/314-953

– Урбана заедница Цветан Димов (ул.Георги Димитров зад СЕУ “Васил Антевски Дрен”) кон.тел.072/314-953

– Месна заедница Усје (Бул.Борис Трајковски, месност Градинар) кон.тел.071/391-204

– Урбана заедница Кисела Вода (ул.Георги Димитров зад ОУ “Круме Кепески”) кон.тел.071/391-177

– Урбана заедница Кисела Вода (последна автобуска постројка 24) кон.тел.071/391-177