Тридневна жалост по нападот во училиште во Пакистан

Тридневна жалост е прогласена во Пакистан во знак на почит кон 141 лице, кои беа сурово убиени при нападот на талибанците. 132 од жртвите се ученици во воено шкочо во Пешавар.

Властите подготвуваат масовен погреб на настраданите кои вчера беа убиени од припадници на Техрек-е-талибан во знак на одмазда поради воената кампања на властите против терористите.

Целата држава е во шок поради најсмртоносниот терористички напад извршен во таа држава, јавуваат западни медиуми.

Масакрот почна вчера утрото откако седуммина екстремисти од таа терористичка организација упаднаа во училиштето и почнаа да пукаат во децата одејќи од училница во училница. Хоророт во школото траеше осум часа колку и судирот на талибанците во училиштето со припадниците на пакистанските сили за безбедност. Нападот предизвика осуди од лидери на држави во светот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.