Триесет дена притвор за браќата кои пукаа во хирургот

На браќата кои вчера извршија вооружен напад во Клиничкиот центар во Скопје и пукаа во хирург им е одреден притвотр во траење од триесет дена.

Првиот се товари за кривичните дела – Убиство, неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и насилство, додека вториот се товари за кривичните дела – убиство, насилство и напад на службено лице при вршење на службено дејствие.

Имено, браќата го извршиле нападот откако изутрината нивната мајка, која боледувала од малигно заболување починала.

Таа на Клиниката била примена во мошне тешка состојба, по што била веднаш оперирана. Неколку часа по операцијата пациентката починала.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.