Триесет дена притвор за осомничениот за убиството во Велес

Триесет дена притвор се одредерни за велешанецот кој со чекан му нанесе смртоносни повреди на својот сосед, а на уште четири лица од семејството на починатиот им нанесе тешки повреди.

Судија во претходна постапка му ја одреди мерката поради можноста да побегне, да влијае на сведоци или да го повтори делото.

Ќе одговара за кривично дело убиство и уште четири обид за убиство.

Крвавиот инцидент се случи минатата ноќ кога со чекан 46-годишниот маж влезе во домот на соседите и со чекан на сите членови на семејството им нанесе сериозни повреди по телото.

Шеесет и шестгодишниот Димче Најдов им подлегна на повредите, а неговата сопруга е пренесена во скопскиот клинички центар. Здравствената состојба и е постабилна, но сеуште тешка.

Ќерката, братот и снаата на починатиот пак се задржани на лекување во велешката болница и нивната здравствена состојба е стабилна.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.