Триесет и две деца загинаа во пожар во автобус во Колумбија

Триесет и две лица загинаа во пожар кој избил во автобус во Колумбија.

Во несреќата повредени се 24 деца и едно возрасно лице, кои се здобиле со изгореници по телата. Тие веднаш биле пренесени во болница и се наоѓаат во критична состојба, поради што постои опасност бројот на жртвите да се зголеми.

Децата биле на возраст меѓу една и седум години.