Македонија

Tриесет отсто од породувањата во Македонија се со царски рез

Tриесет отсто од породувањата во Македонија се со царски рез

Генерално во Македонија вкупниот процент на породувања со царски рез изнесува 30 отсто. Тоа е висок просек споредено со сите околни држави. Така на пример, во Србија, Хрватска, Словенија тој процент е за 10 отсто понизок и се работи согласно светските протоколи.

Ова денеска го истакна министерот за здравство Никола Тодоров одговарајќи на новинарско прашање. Посочи дека гинеколозите во породилиштата во државата треба да го почитуваат Упатството за практикување медицина заснована на докази при царски рез и да вршат царски рез ако постојат медицински индикации за тоа.

– Не станува збор за ограничување на правото за царски рез, туку само за измени во Упатството кое се базира на светски практики по медицина базирана на докази за царски рез односно кога треба да се прави, а кога не треба, истакна Тодоров.

Додаде дека станува збор за протокол преземен од најпозната база на протоколи во светот, имплементиран во Англија, Франција, Швајцарија и во многу други земји.