Триесет пожарникари загинаа при уривањето на најстариот солитер во Иран

Иранската телевизија Прес-ТВ јави дека 30 пожарникари загинаа при уривање на 17-катницата во Техеран, која беше зафатена од пожар.

Се’ уште нема информации за причините за пожарот.

Претходно, иранските медиуми јавија дека најмалку 38 луѓе се повредени при денешното уривање на најстариот ирански солитер во центарот на Техеран.

Зградата е изградена на почетокот од 60-тите години на минатиот век од бизнисменот со еврејско потекло Хабиб Елгханиан, кој беше осуден на смрт и егзекутиран по Исламската револуција под обвинение за шпионажа во корист на Израел.

Во солитерот имаше и трговски центар.