Крими хроника

Триесет затвореници штрајкуваат со глад во затворот во Штип

Триесет затвореници штрајкуваат со глад во затворот во Штип

Тие жалат и на лошите услови во затворот, но и дека чуварите врз нив вршеле физичката и ментална тортура.

„Има тортура во затворот, мито и корупција. Јас ако сакам да купам еден сок треба да купам и за него, мито. Ги пуштаат тие што плаќаат, тој што нема пари ќе си чека“, вели затвореник за ТВ24.

Директорот на управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ вели дека никој не штрајкува со глад и официјално до управата тоа не е пријавено. Вчера во емисијата 24 отворено, истакна дека информациите за мито во затворите се шпекулација бидејќи целата работа е во рацете на судот.

„Забуната настанува од барање до решение. Затворот поднесува барање, судот донесува решение. Доаѓаат 55 решенија, меѓутоа само 5 од нив се за веднаш за излегување и одма се шират шпекулации дека тие што излегле платиле“, вели Јовица Стојановиќ

Законот за амнестија беше донесен на 15-ти јануари, со кој покрај амнестирањето на околу 800 затвореници, се предвидува и намалување на казната за 30 проценти на 3.097 осудени лица. На овој начин, според Владата, која го предложи законот, ќе се заштедат буџетски средства кои би се искористиле за подобрување на условите во казнено- поправните домови. Инаку, со законот, предвидено е да нема да има групно пуштање на сите затвореници, туку секој затвореник ќе ја напушта ќелијата, откако ќе го добие решението за амнестија од Судот.