Триесетдневен притвор за двајца дилери од Скопје

СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога, со кривична пријава до надлежното ОЈО Скопје го предаде А.М. (31) од Скопје и  И.Н. (21), истотака од Скопје, (кој е во бегство), поради основано сомневање дека сториле кривично дело – “неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.

За стореното кривично дело на двајцата им е одредена мерка притвор во траење од по 30 денови.

Единицата за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА, по добиеното сознание дека пријавените во почетокот на месецов, од засега непознато лице-странец, планирале и договарале да набават поголема количина на хероин, превзедоа интензивни мерки и активности за потврдување на сознанието.

Постапувајќи по добиеното сознание, а во консултација со Судија на претходна постапка, Единицата за недозволена трговија со дрога и Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА, превзедоа оперативно мерки и активности при што  пријавените се забележани со моторно возило во близина на општината Гази Баба, како од непознато лице превземаат најлонска кеса. Од страна на полициските службеници од Единицата за прв одговор и интервенција АЛФА е пристапено кон нивно легитимирање, но пријавените се дале во бегство со моторното возило, при што навлегле во слепа улица во нас. Гази Баба, каде А.М. е лишен од слобода, а И.Н. успеал да избега.

При извршениот преглед кај А.М. пронајдена е најлонска кеса, во која по извршеното вештачење е констатирано дека содржела речиси 1,5 килограм хероин, односно 1.496 грама хероин, а пријавениот одбил да даде појаснување од кого го купил и за кој  пазар бил наменет  хероинот.

Инаку А.М., е регистриран  сторител на тешки кражби на подрачјето на општина Центар, за што во периодот 2002/03 година му се поднесени 33 кривични пријави.