ФОТО: Триесетина лица запалиле центар за бегалци во Прага

Околу 30 напаѓачи се обиделе да го запалат центарот Клиника во Прага, кој нуди поддршка за бегалци, пишуваат чешките портали.

Како што јавува МИА, повикувајќи се на допсинички информации, чешката полиција трага по неколку десетици маскирани напаѓачи, кои во саботата вечер, фрлајќи молотови коктели запалиле социјален центар, кој им помага на бегалците во Прага.

Како што потврди полициската портпаролка Ивета Мартинкова, едно лице било повредено, а 19 биле евауирани.

Пожарот бил изгаснат од пожарникарска служба за неколку минути.

Мартинкова, не можеше да потврди дали нападот има врска со протестите против миграцијата, кои истиот ден беа одржани на неколку места во Чешка и на кои имаше неколку инциденти со луѓе кои даваат поддршка на бегалците.

Протести во Чешка против имигрантите

Протести во Чешка против имигрантите
Протести во Чешка против имигрантите

Инаку вчера во Прага околу 3.000 лица излегоа на протест и го искажаа револтот од исламот и имиграцијата.

Протести во Чешка против имигрантите
Протести во Чешка против имигрантите

Демострациите беа во организација на чешкото крајно десничарско крило попознато како „Анти –исламски блок“, а целиот настан беше во координација со германското анти – бегалско движење ПЕГИДА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.