Триесетина трупови пронајдени на брод кај Сицилија

Триесетина трупови откриени на брод со мигранти крај островот Сицилија.

Спасувачите ги откриле труповите кога се качиле на палубата на рибарскиот брод, што превезувал приближно 590 бегалци и мигранти, за на копното да ги евакуираат патниците кои имале потреба од итна помош, вклучувајќи и две бремени жени.

Труповите се наоѓале во тешко достапен дел од бродот.

Се претпоставува дека жртвите починале од задушување.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.