Македонија,Економија

Триглав Осигурување ја зацврсти пазарната позиција

Триглав Осигурување ја зацврсти пазарната позиција

Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал од 2014 година работеше позитивно. Во овој период компанијата ја зацврсти својата позиција на македонскиот пазар и го зголеми својот пазарен удел споредено со истиот период минатата година. Бруто полисираната премија од осигурување и ко-осигурување на Триглав Осигурување Скопје во првиот квартал оваа година ги надмина плановите и реализацијата од истиот период минатата година и беше за 27,67 отсто повисока споредено со првиот квартал минатата година, што е во голема мера резултат на фокусот на компанијата кон развој на сопствената продажна мрежа.

„Триглав Осигурување и во првиот квартал од 2014 година ја продолжи својата зацртана стратегија, којашто на компанијата и во 2013 година и донесе одлични резултати. Се фокусиравме на ширење на продажната мрежа, на контунирано подобрување на деловните процеси и на експертизата на нашите вработени. Неодамна и во рамките на независното истражување на пазарот, QUDAL-QUality meDAL, на швајцарската организација и меѓународно здружение за цертификати, ICERTIAS, македонската јавност го оцени Триглав како осигурителна компанија која нуди апсолутно најдобар квалитет на македонскиот пазар, што е и најголема сатисфакција за вложените напори, потврда на исправноста на зацртаната стратегија, но и голем поттик уште повеќе да работиме на подобрувањето на севкупнит перформанс на компанијата„ изјави Сања Танчевска, извршен директор на Триглав Осигурување Скопје.

Групацијата Триглав веќе започна со постапките за исплата на штети, како и организација на помош за подрачјата зафатени со поплавите на Балканот. Друштвата на Групацијата проактивно пристапуваат кон разрешувањето на штетите, а исто така започнати се и исплатите врз основа на поединечни барања за отштета. Вработените собираат материјална помош и средства, коишто ќе бидат доставени до загрозените региони преку хуманитарните организации. Компаниите и вработените во групацијата, меѓу кои и Триглав Осигурување Скопје собираа финансиски средства во соработка со фондацијата Се ќе биде во ред, којашто Заваровалница Триглав ја основа минатата година со цел менаџирање со активности од доменот на корпоративната општествена одговорност, и на загрозените подрачја им обезбедија донација во износ повисок од 150.000 евра. Обезбедувањето на средства, коишто во целост ќе бидат наменети за помош на настраданите во поплавите, ќе продолжи и во иднина. Повеќе информации погледнете на интернет страната www.triglav.eu.