Тригодишно дете повредено во сообраќајка

Три годишно дете е повредено во сообраќајна несреќа која вчера околу пладне се случила на локалниот пат во гостиварското село Балиндол.

-Детето претходно седело на предното седиште од возилото „Голф“, кое било запрено, а го управувал неговиот дедо. Во еден момент, тоа ја отворило вратата и трчајќи за да ја премине улицата удрило во „Опелот“ управуван од 53-годишниот З.Ф, кој бил во движење, информираат од СВР Тетово.

Детето по ударот се здобило со тешки повреди ( фрактура на десна подколеница), пренесено е во гостиварската болница и потоа итно било префрлено на скопските клиники за натамошно лекување.

Полицијата на местото на несреќата извршила увид.